Македонија
23. October 2015 - 16:07

Мајка и нејзиното бебе не го преживеаја пораѓајот во Гевгелија - Таткто обвинува дека анестезиологот бил пијан

Трагедија во гевгелиската болница – Родилка од Дојран со бебето ноќеска починаа за време на царскиот рез. 32 годишната Маја Кадиева во операционата сала влегла здрава и 9 месеци бременоста и поминала без никаков проблем. Ова го вели Мите Кадиев сопруг на починатата кој денеска со неговиот брат го пратеа комбето со телата на неговите најмили за обдукција на Судска медицина. Збунет, тажен и со солзи во очите, на Мите не му е јасно како дошло до трагедијата. Се било добро за по половина час откако сопругата ја внеле во операциона сала да излезе докторот и да му каже дека операцијата ќе ја прекине. Не му било јасно што се случува, но слушнал дека гинекологот бил револтиран од персоналот и анестезиологот кој наводно бил пијан и не знае што прави.

-Го слушнав како збори дека избегал, дека е пијан анестезиологот, вели Мите Кадиев сопруг на починатата родилка

Мите прво ја слушнал веста дека починало бебето а сопругата е во критична состојба. Половина час од првата лоша вест му соопштиле дека починала и Маја.

-Ништо, наводно не можела да дише, тоа ми кажаа, вели Мите

Според сведоштвото на сопругот на починатата родилка, во гевгелиската болница до 2 часот наутро имало полиција. Била земена крв за анализа од вработените кои вечертва биле во операциона сала. Анестезиологот кој наводно избегал, полицијата го привела од неговиот дом. Случајот го потврди и директорот на болницата, но денеска не сакаше да дава изјави за јавност.

Своја контрола ќе прави и министерството за здравство. Веќе иппратиле стручна комисија од гинеколог анестезиолог и претставник на министерство, дали породувањето било согласно протоколите. . Сите ги чекаат резултатите од МВР што ќе покажат резултатие од крвта. Мите покрај истражната постапка на надлежните најави дека и самиот ќе ја бара правдата.

-Мора да слушнат сите за ова да не се повтори, вели Мите

Но засега покрај трагедијата го чека и најтешкиот момент – како на петгодишната ќерќичка матеа да и каже дека повеќе ја нема нејзината мајка.

-Незнам како тоа ќе го направам, незнам

Случајот го води велешкото обвинителство од каде ги чекаат резултатите од обдукцијата на родилката и бебето.