Свет
1. November 2017 - 13:00

Мајка го покрила синот кој се вратил од забава, но утрината ја дознала вистината за него

Џулиет Јарвис го пронашла својот син како пијан спие пред  гардробата после ноќното излегување на Ноќ на вештерките. 
 
Момчето среде ноќ влегло во куќата и се качило на катот и заспало пред гардероберот на својата мајка. Таа видела дека лежи на подот па му донела перница. 
 
Пијан и рекол „ фала ти“ и продолжил со спиење, а неговата мајка помислила „ откога нејзиниот син Стивен е толку пристоен“. Чудно и било што го нема неговиот автомобил пред куќата па помислила дека му се расипала, а тој пешачел до дома. Потоа заминала во кревет. 
 
Но, кога утредента го разбудила дознала  нешто што сигурно не се надевала. Момчето кое заспало пред гардеробата воопшто не бил нејзиниот син туку непознат маж по име Марк. 
 
Тој пијан паднал преку оградата во нивната градина па влегол во куќата и заспал. 
 
Утрото кога Џулиет го пронашла му кажала на  нејзниот сопруг и кога  дознал што се случило го однел до неговата вистинска куќа. 
 
Џулиет оваа необична приказна ја објавила на Фејсбук и благодарна е што се така поминало откако непознат човек преспал во нејзината куќа и тоа на денот на Ноќта на вештерките.