Живот
2. October 2015 - 15:27

Мајка ги остави трите новороденчиња, причината е трогателна

Една мајка од Романија неодамна беше принудена да ја донесе најтешката одлука во својот живот - таа трите новороденчиња ги напушти, а причината поради која го направи тоа растажи многумина...

Џенета веќе има три деца и живее во распадната куќа, а откако добила тројка, едноставно исчезнала од болница, оставајќи ги на медицинскиот персонал да се грижат за нив.

-Се надевам дека луѓето ќе сфатат дека едноставно немам можност да се грижам за нив. Сакам да имаат убав живот, онаков каков што јас не би можела да им овозможам, рече Бенте.

Тројките кои оваа мајка ги донесе на свет се потполно здрави и се добиени по природен пат. Родени се прерано, но тоа не го загрози нивното здравје.

Социјалните служби веднаш сакаа да ги вдомат овие девојчиња, но не можеа да направат ништо без одобрение на мајката, која неодамна пак се појави во болницата и ги потпиша сите дозволи за нивно сместување.

Болницата во која се породи Џенета Бенте во Дробет има неславна репутација зошто само минатата година тука беа оставени дури 25 бебиња.

-Родителите обично ги оставаат поради финансиски причини. Овде е многу лош стандардот и повеќето луѓе се сиромашни, па немаат можност да ги издржуваат, рече Аурелија Сиресана која работи како социјален работник за згрижување на деца.