Свет
12. April 2018 - 12:06

Мајк Помпео: Русија е агресивна, но дипломатијата мора да продолжи

Поранешниот директор на ЦИА, Мајк Помпео, кој е номиниран за нов државен секретар на САД, денеска на сослушувањето во Сенатот, ќе изјави дека годините на мека американска политика кон Русија се завршени.

Помпео ќе се потруди да покаже јасна разлика од својот претходник Рекс Тилерсон, ветувајќи дека ќе ги поддржи демократијата и човековите права, како и дека ќе го пополни испразнетите места во Стејт департментот, што, според него, ги деморализира вработените.

Подготвените белешки на Помпео покажуваат дека тој ќе и говори и за „агресивни дејствија на Русија“ и ќе нагласи дека Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја смета за опасност за САД. Но, тој исто така ќе нагласи дека дипломатските напори за соработка со Москва треба да продолжат и покрај потешкотиите. 

Помпео, исто така, ќе потенцира дека САД се должни да играат лидерска улога на светската сцена и покрај ветувањето на Трамп да ја стави „Америка на прво место“. 

- Ако ние не упатиме повици за демократија, просперитет и човекови права во светот, кој ќе го направи тоа?, ќе потенцира Помпео. - Ниту една друга држава не располага со истата комбинација од влијание и принципи, планира да истакне поранешниот директор на ЦИА.

Изјавите на Помпео пред сенатската Комисија за надворешни работи денеска ќе биде првата можност сенаторите и јавноста да слушнат од него каков дипломатски поход планира да преземе, ако му биде потврдена номинацијата за државен секретар.

Неговите ставови за глобалните прашања се добро познати, оти тој беше детално сосчушуван пред да биде назначен за директор на ЦИА.

Сенаторите од Демократската партија се сомневаат околу тоа дали поранешниот офицер на Копнените сили е погоден да биде прв дипломат на САД, со оглед на неговите воинствени изјави и претходните ставови за малцинствата.