Живот
23. April 2017 - 11:57

Мајчинството ја промени: Драгана Чуприна за првпат го покажа синчето!

Драгана Чуприна, поранешната ТВ водителка и манекенка кон крајот на 2016 година стана мајка и на свет го донесе своето прво дете.

Оттогаш помина речиси половина година, а малиот Даријан веќе е потпораснато бебенце кое ужива во љубовта на родителите, а веќе и во прошетките со мама и тета Тамара.

dr2

За разлика од порано, убавата Драгана денес не е толку активна на социјалните мрежи, но затоа нејзината сестра Тамара редовно споделува неодоливи фотографии со својот сакан внук.

dr3

Драгана веќе е во топ форма, изгледа свежо и модерно во кежуал издание, но дополнително убава покрај своето чедо.

dr4

Инаку, Драгана Чуприна кон крајот на изминатото лето се омажи за Александар, а на свадбата беше во поодмината бременост.