Тенис
31. March 2016 - 8:34

Мајами: Кербер против Азаренка во полуфиналето

Шампионката на Австралија Опен Анџелика Кербер од Германија успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Мајами откако со 2:0 во сетови (6:3 и 6:2) ја победи Американката Медисон Киз. Во следниот меч таа ќе игра против Викторија Азаренка од Белорусија, која синоќа беше подобра од Џоана Конта од Велика Британија со 6:4 и 6:2 во сетови. 

Вечерва во првото полуфинале ќе играат Светлана Кузнецова и Тимеа Башчински.