Македонија
26. November 2015 - 12:54

Магла на Стража, Плетвар и Маврово-Бунец

Поради појава на магла, видливоста на Стража е намалена на 60 – 80 метри, на Плетвар 70 – 100 метри, а на кракот Маврово – Бунец на 10 – 15 метриСообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони. 

Од 15 ноември стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2016 година.