Македонија
2. December 2017 - 12:59

Магла на Стража и Плетвар

Магла со видливост од  50 до 100 метри има на планинските превои Стража и Плетвар. Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно пo влажни коловози, а дожд со слаб интензитет врне во западниот дел од земјата.

Како што информираат од ЈП Македонија пат на одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Тие апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Информираат дека дежурните екипи на Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.