Македонија
5. December 2015 - 9:38

Магла на патниот правец Делчево - Македонска Каменица

Поради појава на магла намалена видливост до 100 метри има на патниот правец Делчево - Македонска Каменица соопшти утринава Авто мото сојузот на Македонија повикувајќи се на информација од ЈП „Македонија пат“.

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива без забрани по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.