Македонија
9. February 2018 - 8:59

Магла кај Сарамзалино, Неготино и Катланово - Велес

Кај Сарамзалино, Неготино и на патниот правец Катланово - Велес утринава има магла поради што е намалена видливоста од 50 до 100 метри. 

Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека денеска во периодот од 12 до 15 часот ќе биде во прекин околу 15 минути сообраќајот на патниот правец Кичево - Охрид меѓу Пресека и Врбјани поради градежни активности. 

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива без забрани, по претежно суви коловози. На повисоките планински и осојничави места коловозите се влажни.