Бизнис
15. December 2018 - 16:28

Лукаревска: Новиот закон за прекршоци е фокусиран на превенција

Управата за јавни приходи го претстави новиот закон за прекршоци пред бизнис заедницата во Струмица. Од УЈП велат столб на законот е превенцијата и опомената, а не драконските и репресивнте казни со кои што фирмите се уништувале. Таквиот начин на работа бил минато. Директорката на управата вели  целта не била да се намали дисциплината на даночните обврзници туку да се даде оптимално решение со кое што казните ќе претставуваат основа за успешно работење.

,,Повисоките казни одат во минатото со тоа што ги намаливме во одреден дел кај физичките лица казните за околу 75% со тоа што минималната казна ќе изнесува 15%. Одредени казни кои што беа неколку илјадници евра сега се намалени. Исто така одмерувањето на глобата ќе се воведува согласно критериумите број на вработени, остварени приходи кај одредено правно лице како и неговото поведение, односно дали бил казнуван или не бил казнуван.,, рече САЊА ЛУКАРЕВСКА – ДИРЕКТОР НА УЈП

За Фирмите кај кои за прв пат ќе биде регистриран прекршок  покрај опомената ќе има и едукација, но доколку направат повеќе прекршоци ќе бидат санкционирани.

,, Бидете сигурни дека и како правни и како физички  лица нема да има селективност во наредниот период. Оние кои што прв пат ќе бидат фатени дека грешат ја спроведуваме опомената, ќе има едукација, меѓутоа за оние кои што повеќе пати ќе прават прекршоци таму веќе ќе мора да се применуваат казните и таму нормално инспекциите ќе си постапуваат онака како што постапувале и до сега.,, рече СТОЈКО ПАУНОВСКИ – ДИРЕКТОР НА ПАЗАРЕН ИНСПЕКТОРАТ

На прашање околу регистрацијата за персоналниот данок директорката на управата информираше дека нема да има казни за граѓаните кои нема да го направат тоа до крајот на годината до кога истекува и законскиот рок, но со казни ќе се соочат сите кои оствариле дополнителен приход, а не се регистрирале. До сега регистрација направиле околу 500.000 физички лица. Од таквата обврска во следните седум години се ослободени пензионерите.