Свет
22. March 2016 - 18:42

Луѓето во Брисел можат да ги напуштат зградите во кои мораат да останат поради нападите

Властите во Брисел им дозволија на жителите и работните луѓе од градот да ги напуштат живеалиштата и канцелариите. Претходно денеска, сите беа повикани да останат таму каде што се наоѓаат во моментот, откако градот стана жртва на три терористички напади. 

- Во Белгија е поставен највисок степен на тревога, но утре продавниците, училиштата, детските градинки и градскиот превоз ќе работат. Тоа од кое се плашевме, се случи, изјави премиерот Шарл Мишел. 

Евакуирано е седиштето на Европската комисија, а вработените во Европскиот парламент беа задржани во комплексот на институцијата. 

Локалните медиуми потврдија дека Исламската држава официјално презеде одговорност за денешните напади, во кои загинаа 34 лица,