Ракомет
22. October 2016 - 9:59

ЛШ - жени: ЖРК Вардар ја оствари првата победа

Ракометарките на ЖРК Вардар ја остварија првата победа сезонава во Лигата на шампионите откако синоќа во СЦ „Јане Сандански“ го победија германскиот тим Лајпциг со 41:24 (19:14). Во текот на целиот натпревар „вардарки“ беа сигурни и имаа контрола над играта и резултатот.
Натпреварот почна во знакот на голманката Амадин Лејно, која беше најзаслужна за почетното водство од 7:1. Гостите од Германија во финишот на првиот дел намалија на четири голови (17:13), но тоа беше се уште успеаја да направат. Во вториот дел македонскиот шампион ја казнуваше секоја грешка на противникот и во финишот на дуелот ја имаа највисоката разлика (38:21). Оваа разлика од 17 голови остана и на крајот на дуелот.
Во редовите на ЖРК Вардар најефикасна беше Јованка Радичевиќ со 6 голови, а по 5 голови постигнаа: Сања Дамњановиќ, Тамара Мавсар (сите од 7 метри), Андреа Пенезиќ, Татјана Хмирова и Сара Ристовска.
Голманките на македонскиот шампион имаа по 12 одбрани: Лејно во првиот дел, а Пешоа во вториот дел.
ЖРК Вардар следниот натпревар го играат на 29.октомври на гости кај руската екипа Астраханочка.