Фудбал
12. December 2016 - 13:58

ЛШ: Во осминафиналето Баерн - Арсенал и ПСЖ - Барселона

Во Нион денеска беа извлечени двојките од 1/8 финалето од Лигата на шампионите, а секако најголемо влијание привлекуваат дуелите меѓу Баерн и Арсенал и ПСЖ и Барселона, додека европскиот првак Реал Мадрид за ривал го доби Наполи.

Двојки за осминафиналето:

Манчестер Сити – Монако, 
Реал Мадрид – Наполи, 
Бенфика – Борусија Дортмунд,
Баерн Минхен – Арсенал,
Порто – Јувентус,
Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид,
ПСЖ – Барселона и 
Лестер – Севиља.

Првите мечеви од осминафиналето ќе се играат на 14/15 и на 21/22 февруари, додека реванш средбите се закажани за 7/8 и 14/15 март.