Loading Video...
Ракомет
23. November 2019 - 19:40
ЛШ: Вардар немоќен на гостувањето во Брест
Тежок пораз на Вардар на гостувањето во Брест од 32-21 по слабото второ полувреме во еден од најважните дуели во годинешново издание од ЛШ.
Црвено-црните солидно го одиграа првиот дел и го завршија со предност од 13-12. На стартот од вториот дел ракометарите на Мешков Брест се разиграа и предводени од Вајлупов со 12 и Шкурински со 9 погодоци едноставно го разнесоа црвено-црниот брод особено по 50-тата минута.
Покрај слабата одбрана свој ден немаа и голманите кои во вториот дел одбранија еден удар наспроти домашниот голман Пешиќ со 13 одбрани на мечот.
Капитенот Стоилов со шест погодоци и Атман и Дибиров со по четири гола беа најефикасни во редовите на Вардар.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->