Фудбал
22. October 2020 - 10:39

ЛШ: Украинска лекција за Реал

Реал Мадрид не успеа да закрепне од шокантното прво полувреме на „Алфредо ди Стефано“ и на крајот загуби со 2:3 дома од Шахтјор Донецк во нивниот прв меч од новата сезона во Лигата на шампионите зголемувајќи го притисокот кон Зинедин Зидан откако и во Ла Лига минатиот викенд доживеа шокантен пораз од Кадиз.
 
Инспиратор на украинскиот клуб во првото полувреме беше неверојатниот Бразилец Тете, кој во 29. минута по една убава акција, ги донесе гостите во водство. Само четири минути подоцна Рафаел Варан ја продолжи низата на постигнување автоголови во ЛШ за 0:2 за во 42. минута Тете да му асистира на Израелецот Манор Соломон за 0:3!
 
„Кралевите“ се созедоа во второто полувреме – уште во 54. минута Лука Модриќ потсети на најдобрите денови со фантастичен гол од далечина, а во 59. минута, веднаш кога го замени Лука Јовиќ, Винисиус Жуниор намали на 2:3. По финишот на 90-тите минути, Реал сметаше дека дојде до израмнување кога со малку среќа топката влезе во мрежата на Шахтјор, но голот беше поништен поради офсајд по консултација на ВАР-системот.
 
Интересно беше и во Австрија, каде што Салцбург и Локомотив Москва одиграа возбудливо 2:2 реми со многу пресврти.