Loading Video...
Фудбал
2. November 2017 - 19:29

ЛШ: Тотенхем и Манчестер Сити во 1/8 финалето заедно со Баерн и ПСЖ

Екипите на Тотенхем и на Манчестер Сити со победите постигнати синоќа во дуелите од 4.коло од Лигата на шампионите обезбедија палсман во нок аут фазата и им се приклучуја на ПСЖ и Баерн. Тоа воедно се првите четири екипи кои се пласираа во следната фаза.

Тотенхем го совлада европскиот првак Реал Мадрид на Вембли со 3-1, а избраниците на Покетино имаа водство од 3-0. И покрај поразот Реал остана со сериозни шанси за освојување на место во следната фаза од оваа група. Манчестер Сити ја оствари и четвртата победа откако во неапол го победи Наполи со 4-2.

По третиот пораз Наполи ги намали шансите за пласман на второто место. Доминацијата на англиските екипи ја потврди и Ливерпул кој со 3-0 го победи Марибор.

Најнеизвесно е токму во оваа група бидејќи Севиља има бод помалку од „црвените“, а Спартак Москва три бода. Од петте англиски екипи четири се наоѓаат на првите места во групите, а само Челзи е втор со бод помалку од Рома.