Loading Video...
Фудбал
14. July 2020 - 19:57

ЛШ: Селтик, Звезда...можни противници на Силекс во првото коло

 
Фудбалерите на Силекс се подготвуваат за новиот европски предизвик и тоа во Лигата на шампионите. Македонскиот вицешампион го очекува името на противникот за првото квалификациско коло кое ќе биде познато на 9-ти вагуст. 
Екипата на Силекс по четиригодишна пауза повторно ќе се претстави на меѓународната фудбалска сцена и тоа во Лигата на шампионите.  Она што ги притиска во овие моменти  кратовци секако е името на евентуалниот противник кое може да биде доста звучно но и примамливо бидејќи на листата се екипи од поранешните Ју простори. 
Секако најголем предизвик е шкотскиот гигант Селтик, клуб со големо искуство во европските купови.  Како силни и доста незгодни противници се првакот на Израел Макаби, потоа Астана од Казахстан, унгарскиот Ференцварош , Слован Братислава од Словачка и полската Легија .  Големо внимание секако би привлекла пресметка со балканските претставници меѓу кои  поранешниот европски првак Црвена Звезда, потоа бугарскиот Лудогорец, Сараево или Олимпија Љубљана.  Има тука и полесни противници како Ирскиот Дандалк,  Судува од Литванија, Шериф Тираспол од Молдавија и норвешкиот Молде. 
Извлекувањето е на 9-ти август а новина е што поради пандемијата ќе се игра само по еден натпревар во првата квалификациска рунда каде се вкупно 34 екипи. 
Термините се 18-ти и 19-ти август.