Фудбал
12. April 2016 - 22:42

ЛШ: Реал Мадрид и Манчестер Сити полуфиналисти

Екипите на Реал Мадрид и на Манчестер Сити се првите полуфиналисти во Лига шампиони. Реал Мадрид во реваншот победи со 3:0 и со тоа успеа да ги анулира 0:2 од првиот дуел со Волфсбург.

Головите за Реал Мадрид ги постигнаа Кристијано Роналдо во 16, 17 и 77 минута.
На дуелот во Манчестер „граѓаните“ се изборија за своето прво полуфинале во ЛШ откако во реваншот го победија ПСЖ со 1:0, а на првиот дуел беше 2:2. Стрелец на голот беше Де Бруин во 76.минута, додека Серхио Агуеро во 30.минута не реализираше пенал за Сити.
 
Утре се играат реванш дуелите: Атлетико Мадрид - Барселона (1:2 прв натпревар) и Бенфика - Баерн (0:1).