Ракомет
29. јуни 2018 - 16:58

ЛШ: Металург со реални шанси да ја мине групната фаза

Ракометарите на Металург и оваа сезона ќе играат во групната фаза од Лигата на шампионите. 

Вториот македонски претставник доби за противници екипи со кои играше и минатата сезона и реално според рејтингот можеме да очекуваме пласман во нокаут-фазата. 
Во Ц-групата во која игра Металург играат уште и Бјерингро-Силкеборг, Спортинг, Бешикташ, Чеховски Медведи и Татран Прешов.  Можеби не толку атрактивни противници но важно е што металурзите можат да  победуваат против овие екипи и да одиграат подобра сезона во ЛШ од лани.