Loading Video...
Ракомет
13. October 2018 - 19:03
ЛШ: Металург поразен во Русија
Нов пораз на македонскиот претставник во Лигата на шампионите , Металург овојпат на гости кај рускиот претставник Чеховски Медведи кој славеше со 33-25.
Металург овој меч го одигра без тренерот Данило Брестовац кој остана во Скопје па едноставно како да се загуби и уште во првиот дел му дозволи на рускиот тим да се разигра и да поведе на крајот од првиот дел со убедливо 18-13.
И во второто полувреме Русите доминираа и не дозволуваа металург да фати резултатски приклучок иако повторно одлично играше Халил Јагањац со 7 погодоци додека Анте Токиќ беше подобар од останатите со 4 .
Домашните играа доста воедначено па речиси сите играчи поентираа а се истакнаа Косоротов, Куретков, Остаченко и Санталов со по три погодоци.
Ова е петти пораз на Металург и втора победа во серија за Ч.Медведи
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->