-->
-->
ЛШ: Металург го пречекува Кадетен Шафхаузен
-->
Македонскиот претставник во Лигата на шампионите Металург во сабота ќе го игра вториот натпревар од Д групата. Во Скопје ќе гостува швајцарскиот шампион Кадетен Шафхаузен. Металург во првото коло загуби на гостувањето кај Мотор (24:30).
Тренерот Лино Червар на денешната прес конференција истакна:
- Изненадување претставува што Кадетен загуби дома (30:31) во првото коло. Тоа ќе биде знак дека нас ќе ни биде потешко бидејќи тие ќе сакаат да победат. Сакаме и ние триумф во Лигата на шампионите, но сепак ова е млада екипа. Цел ни е да покажеме дека сме на добар пат.
За тоа дали составот на противникот или притисокот кај Металург е поголема опасност, Червар истакна:
- Имаме голем притисок дека играме дома наш прв натпревар, но тоа може да биде и добро.
Капитенот Жарко Пешевски изјави:
- Атмосферата е добра и се подготвуваме да постигнеме добар резултат и да се радуваме.
Во редовите на Кадетен бранат голманите Портнер (Швајцарија), Мариновиќ (Австрија), играат Часар (Унгарија), како и швајцарските репрезентативци Линигер и Марос, како и екс играчот на Вардар Александар Стојановиќ.
Натпреварот Металург - Кадетен Шафхаузен се игра во сабота од 17:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот