Фудбал
22. July 2015 - 8:43

ЛШ: Лудогорец елиминиран, Партизан во 3. коло

Бугарскиот шампион Лудогорец уште во раната квалификациска фаза ги заврши натпреварите во годинешната Лига на шампионите.
 
Лудогорец во двомечот со молдавски Милсами доживеа два пораза, по 0:1 во Бугарија екипата од Разград загуби во реваншот со 2:1.
 
Реваншот Лудогорец го отвори со голот на Вандерсон во 25. минута, но само 60 секунди подцна израмни Андроник. Лудогорец од 73. минута играше со играч повеќе, исклучен беше Кајачори, но домаќинот и со фудбалер помалку успеа во претпоследната минута да постигне гол преку Рачу.
 
Милсами во третата рунда најверојатно ќе игра против Скендербег кој со предност од 4:1 во Северна Ирска му гостува на Крусејдерс.
 
Пласман во третото квалификациско коло изборија Молде и Партизан. Молде со вкупни 5:1 го елиминираше Пјуник, додека Паризан со 3:0 славеше во двомечот против Дила Гори.