-->
-->
ЛШ: Лион ќе се „вади“ против Зенит
-->
Четвртото коло во Лигата на шампионите ќе биде комплетирано во среда, кога ќе се одиграат натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х. Дербито е во Минхен, во Ф групата, Баерн ќе го пречека Арсенал.
Баварците пред две недели во Лондон го забележаа првиот пораз во сезоната, во сите натпреварувања, ќе сакаат да му се одмаздат на Арсенал и воедно да направат уште еден чекор кон обезбедување на пласманот во нокаут фазата, каде во вторникот пласман осигураа Реал и Манчестер Сити.
Големо внимание ќе привлече и натпреварот на Олимпико во Рим помеѓу Рома и Баер Леверкузен. Римјаните по три кола имаат само два бода и дуелот со ‘фармацевтите’ е клучен за нив доколку сакаат да пласман меѓу најдобрите 16 во Европа.
Група Е:
Барселона-БАТЕ Борисов
Рома-Баер Леверкузен
Табела: Барселона 7, Баер 4, БАТЕ 3, Рома 2
Група Ф:
Баерн Минхен-Арсенал
Олимпијакос-Динамо Загреб
Табела: Баерн 6, Олимпијакос 6, Динамо 3, Арсенал 3
Група Г:
Челзи-Динамо Киев
Макаби Тел Авив-Порто
Табела: Порто 7, Динамо 5, Челзи 4, Макаби 0
Група Х:
Гент-Валенсија
Олимпик Лион-Зенит
Табела: Зенит 9, Валенсија 6, Гент 1, Лион 1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје