Фудбал
15. February 2018 - 10:30

ЛШ: Голема предност за Реал и Ливерпул

Европскиот првак Реал и Ливерпул направија огромна предност во првите дуели од 1/8 финалето на Лигата на шампиони.
Во Мадрид гостите од Париз иако први го отворија резултатот со голот на Рабиот дозволија Роналдо со два погодоци да го сврти резултатот кој на крајот беше и голема предност од 3-1 за кралевите откако Марсело се запиша во листата на стрелците.
Во Порто убедлива победа на Ливерпул од 5-0.
Пресуди хет-трикот на Мане а по еден гол постигнаа Салах и Фирмино.