Ракомет
29. September 2019 - 19:44

ЛШ: Европскиот првак го совлада и Мотор

Ракометарите на Вардар остварија среќна победа на гостувањето во Украина против домашниот Запорожје додека вториот наш претставник во Лигата на шампионите Еурофарм Работник загуби минимално на гостувањето во Шпанија.

            Љубителите на ракометот видоа уште еден драматичен меч оваа сезона кој беше дело на европскиот првак. Црвено-црните во екипата на Мотор имаа расположен противник кој го реши првиот дел во своја корист.

            Македонскиот првак на почетокот на вториот дел прејде во водство но до самиот финиш резултатот неколкупати се израмнуваше. Во последните 10 минути се разигра Кристопанс и со два гола го одржуваше Вардар во минимално водство. Сепак Мотор израмни на 30-30 и се влезе во неизвесен финиш. По добраната на Гедбан Вардар дојде до предност од 31-30 и за малку по избрзаниот удар на Скубе да загуби бод. Домаќинот постигна израмнувачки погодок но за среќа по истекот на времето па црвено-црните можеа да ја прослават третата победа за максимален учинок во новата сезона.