Ракомет
13. October 2019 - 19:50

ЛШ: Еурофарм се израдува на првата победа во европското елитно натпреварување

Историска победа на ракометарите на Еурофарм Работник во Лигата на шампионите. За сефте совладан финскиот Кокс со 31-30. 

          По одличното прво полувреме и водството од 17-14 македонскиот преставник повторно попушти во вториот дел и дозволи противникот со серија од 7-2 да направи пресврт. Сепак  битолчани се созедоа и  до крајот минаа во водство кое со одбранетиот пенал и добрата интервенција во последните моменти на Никола Митрески  донесе победа.

Остроушко со осум погодоци беше најефикасен, Ојлески беше втор стрелец со пет гола.

.