Фудбал
21. October 2015 - 8:24

ЛШ: Ефикасно во Леверкузен, пораз на Баерн, Зенит максимален

Осум погодоци и резултатски пресврти за на крај реми од 4:4 видоа гледачите во Леверкузен на дуелот Баер – Рома. Домаќините поведоа со 2:0, римјаните со серија од четири погодока стигна до 2:4, за Баер да стигне до бод со два гола во последните десетина минути.

Арсенал го победи Баерн во Лондон и ги освои првите бодови оваа сезона во Лигата на шампионите по двата пораза во првите две рунди. Дербито на вечерта беше решено во последните 15 минути кога „топџиите“ постигнаа два гола преку Оливие Жиру и Месут Осил.
Единствена екипа со максимални девет бода по некомплетното 3.коло е Зенит кој синоќа го совлада Лион.
 
Резултати и табели по 3.коло во групите Е, Ф, Г и Х:
 
Е група: БАТЕ Борисов – Барселона 0:2, Баер Леверкузен – Рома 4:4.
Табела: Барселона 7 бодови, Баер Леверкузен 4, БАТЕ Борисов 3, Рома 2.
 
Ф група: Арсенал – Баерн Минхен 2:0, Динамо Загреб – Олимпијакос 0:1.
Табела: Баерн Минхен 6 бода, Олимпијакос 6, Арсенал 3, Динамо Загреб 3.
 
Г група: Порто – Макаби 2:0, Динамо Киев – Челзи 0:0.
Табела: Порто 7 бодови, Динамо Киев 5, Челзи 4, Макаби 0.
 
Х група: Зенит – Олимпик Лион 3:1, Валенсија – Гент 2:1.
Табела: Зенит 9 бодови, Валенсија 6, Гент 1, Олимпик Лион 1.
 
Натпреварите од другите четири групи се играат вечер.