Ракомет
18. September 2017 - 8:35

ЛШ: Дибиров со гол број 2, Борко со одбрана број 5

Играчот на Вардар Тимур Дибиров со еден од неговите голови на дуелот со Висла се најде во изборот ТОП 5 голови на колото. Неговата позиција за првото коло е број 2.

Во изборот на ТОП 5 одбрани се најде и репрезентативниот голман на Македонија Борко Ристовски, кој за Барселона запиша 16 одбрани против РНЛ. Ристовски беше рангиран на местото број 5.
 
Тимот на колото (best 7) го сочинуваат:
лево крило: Доминик Клајн (Нант)
лев бек: Стипе Мандалиниќ (Загреб)
среден бек: Мате Лекаи (Веспрем)
десен бек: Холгер Гландорф (Флензбург)
десно крило: Кевин Гуликсен (Елверум)
пикер: Хендрик Пекелер (РНЛ)
голман: Сирил Думолин (Нант)