Фудбал
12. September 2017 - 14:10

ЛШ: Барселона - Јувентус на стартот на групната фаза

Со осумте натпревари предвидени за вечер ќе стартува групната фаза од елитното фудбалско натпреварување Лигата на шампионите.
 
Ждрепката сакаше веќе на стартот да се сретната повеќекратните европски шампиони Барселона и Јувентус. На другиот дуел од Д групата ќе играат Олимпијакос и Спортинг.
 
Во групата А ќе играат: Бенфика – ЦСКА Москва и Манчестер – Базел.
 
Амбициозниот и со звучни имиња засилен ПСЖ ќе игра во Б групата, а настапите ги почнува на гости кај Селтик, додека Баерн Минхен го пречекува Андерлехт.
 
Двојки во Ц групата се: Челзи – Карабах и Рома – Атлетико Мадрид.
 
Сите натпревари почнуваат во 20 часот и 45 минути.