Фудбал
16. March 2016 - 8:26

ЛШ: Атлетико Мадрид по пенали во четвртфиналето

Фудбалерите на Атлетико Мадрид по изведувањето на пенали го победија ПСВ и се пласираа во четвртфиналето. Реванш дуелот со холандскиот тим заврши 0:0 , а по пеналите Атлетико беше поуспешен со 8-7.

На вториот дуел вчера Манчестер Сити и Динамо Киев одиграа 0-0, а Манчестер е во четвртфиналето благодарение на победата од првиот дуел 3-1.
Пласман во ТОП8 досега имаат обезбедено: Реал Мадрид, Волфсбург, Бенфика, ПСЖ, Атлетико Мадрид и Манчестер Сити.
Вечерва се играат последните два реванш 1/8 финални дуели: Барселона - Арсенал (2-0 прв натпревар) и Баерн - Јувентус (2-2).