Фудбал
20. October 2016 - 9:52

ЛШ: Арсенал со хет-трикот на Езил го прегази Лудогорец

Во А групата Арсенал и ПСЖ забележаа сигурни победи. Арсенал го прегази Лудогорец со 6-0. Санчез, Волкот и Окслејд-Чембрлен погодија во првото полувреме, а во второто Езил постигна хет трик.
 
ПСЖ го победи Базел 3-0 со головите на Ди Марија, Лукас Моура и Кавани од пенал.
Арсенал и ПСЖ на табелата имаат по 7 бода додека Лудогорец и Базел освоија по 1.