Фудбал
17. September 2015 - 8:24

ЛШ: Адеми со Динамо го победија Арсенал

Најголемото изненадување на првото коло од Лигата на шампионите го направи Динамо Загреб каде настапи македонскиот репрезентативец Аријан Адеми. Тимот од Максимир го победи премиерлигашот Арсенал со 2:1 на домашен терен и ја постигна првата победа по 1999 година во групната фаза од Лигата на шампионите и ја прекина серијата од 15 натпревари без победа.

Бранителот на трофејот Барселона одигра нерешено на гостувањето кај Рома 1:1, а еден од виновниците е гостинскиот голман ТерШтеген кој прими гол од голема далечина.
 
Резултати на синоќа одиграните натпревари од 1.коло:
Е група: 
Баер Л. - БАТЕ 4:1
Рома - Барселона 1:1
Ф група:
Динамо З. - Арсенал 2:1
Олимпијакос - Баерн 0:3
Г група:
Динамо Киев - Порто 2:2
Челзи - Макаби 4:0
Х група:
Валенсија - Зенит 2:3
Гент - Олимпик Лион 1:1.