Македонија
18. December 2018 - 11:57

Ловџија се здобил со прострелна рана при лов

Ловџија се здобил со прострелна рана при лов во Кавадаречко, информацијата за МИА ја потврдија од МВР.

- На 12 декември 2018 година околу 10,30 часот пријавено е дека во село Команичево, Кавадаречко, на место викано „Врапче“, при лов, 68-годишен кавадарчанец се здобил со прострелна рана во левата плешка, нанесена, според пријавеното, од страна на друг ловџија, на возраст од 27 години, велат од МВР.

На повредениот му била укажана лекарска помош во Медицински центар Кавадарци, каде му била констатитрана тешка телесна повреда, по што бил упатен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.