Македонија
27. January 2020 - 19:46

Ловџија пукал во ловџија, случајот бил несреќа

Ловџија од Струмица  додека бил на лов несакајќи  ранил негов колега. Немилиот настан се случил вчера во раните утрински часови на местото викано Чепели, во атарот на струмичкото село Раборци. 64 годишниот ловџија додека бил на лов заедно со други ловџии бил погоден во пределот на градите со ловен патрон.

,,Според пријавеното, патронот бил испукан од М.Ш.(69), со кого биле заедно во лов, но го погодил Н.Н., кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Струмица.,, вели Хризантема Рендевска, потпарол на СВР Струмица. 

 Ова не е прв случај на подрачјето на СВР Струмица  ловџија да погоди  негов колега. Последниот сличен  случај кој за несреќа завршил  со смртни последици беше регистриран на 3 ноември минатата година. Тогаш  на планината Кожуф 31 годишен ловџија од Богородица бил погоден од 52 годишен гевгеличанец .