Живот
13. January 2016 - 12:38

„Лов“ на прасиња на автопат во Франција

При сообраќајна несреќа што се случи изутринава на автопатот А10 во Франција, меѓу еден камион и мотор, побегнаа поголем број прасињата што беа транспортирани со камионот, јави дописникот на МИА од Париз.

Според интернет изданието на регионалниот весник „Суд Уест“, сообраќајот е во прекин на автопатот А10 во правецот Париз-Бордо во близината на Пуатје.

На Твитер и на другите социјални мрежи се појавија повеќе фотографии кои го прикажуваат „ловот“ на прасиња на автопатот, за да се обезбеди што е можно побрзо отворање патниот правец за сообраќај.