Бизнис
6. March 2017 - 13:40

Лоши вести за возачите: Регулаторна ги поскапе горивата

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за половина денар, цената на дизелот расте за 1,5 денари по литар, одлучи денеска регулаторната комисија за енергетика.

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит. Малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 54,00 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 42,50 ден/лит.