Спорт плус
8. May 2016 - 19:46

Лоренцо победи на француското Гран при, Маркез без пласман

Хорхе Лоренцо максимално го искористи стартот од пол позицијата на денешната трка за Големата награда на Франција откако на истата ја забележа втората победа во сезоната.

Возачот на Јамаха трката ја заврши пред тимскиот колега Валентино Роси додека последното место на подиумот го потполни Маверик Виљалес во Сузуки.
 
На патеката Ле Ман трката не ја заврши Марк Маркез со што и го загуби лидерското место во генералниот пласман кое го презеде денешниот победник Лоренцо.
 
Со освоените 25 бода Шпанецот сега на врвот од табелата има 90, 15 повеќе од Маркез додека на третото место е Роси со 78.