Лондон: Руските хакери имаат три цели

Шефот на британската служба за кибер безбедност Киран Мартин изјави денеска дека руските хакери имаат три цели - телекомуникациските системи, медиумите и енергетската мрежа.
Како што претходно јави МИА, британската премиерка Тереза Меј ја обвини Русија за вмешаност во гласањето во земјата, предупредувајќи ја Москва дека нема да успее да ја поткопа отпорноста на европската демократија, со што според неа, се занимава Москва.
Во однос на тоа, Мартин нагласи дека, руското мешање, кое го воочило Националниот центар за кибер безбедност во текот на изминатите денови, вклучува напади врз британските медиуми, телекомуникациите и енергетскиот сектор.
„Гардијан“ денеска објави дека над 400 Твитер налози од Русија објавуваат постови за Брегзитот, додека „Тајмс“ информира дека на руските налози биле објавени речиси 45.000 пораки за излез на Велика Британија од Европската унија на денот на одржувањето на референдумот.
Ново на Сител
-

Жени од Источна Македонија започнаа обуки за вклучување во доброволните противпожарни друштва
-

Преглед на вестите од светот
-

Евтината струја преку ден останува како досега од 13 до 15 часот, ако се продолжи ќе се скрати ноќната
-

Тема на денот со Адем Чучуљ, претседател на ДКСК
-

Пакетот законски измени неопходни за Safe City испратени до Собранието
-

СДСМ со антикорупциски тим на партијата ќе ги открива скандалите на ВМРО- ДПМНЕ
-

Груевски и Заев се скараа преку социјалните мрежи
-

Избори на пролет или во 2028-ма?
