Локални избори во Косово
Денеска на Косово се одржуваат седмите по ред локални избори,по војната,на кои право на глас имаат 1.890.952 гласачи.
Се гласа на 2.505 избрачки места, кои ќе бидат отворени во седум а затворени во 19 часот. Во трката за 38 градоначалнички места се 204 кандидати додека за членови на Собранијата на општините 6.887 кандидати.
На изборите учествуваат 91 политички субјект,од нив, една коалиција, 35 политички партии, 30 граѓански иницијативи и 25 независни кандидати.
- Како и претходните избори, и овие ќе ги набљудуваат домашни и меѓународни набљудувачи, вклучувајќи ги и оние на ЕУ, како и странски дипломатски претставништва. Централната изборна комисија акредитираше 33.200 набљудувачи. Секако тука и претстваниците на политичките партии -потврди Валмир Елези, портпарол на Централната изборна комисија.
Во обезбедувањето на изборниот процес,од безбедносен аспект ангажирана е косовската полиција.
- Создавањето мирна и безбедна клима за сите граѓани на Косово,како и одржувањето на редот,мирот и јавната безбедност, во прв ред, за време и по изборнот процес, е приоритет на полицијата на Косово -изјави Шпенд Маџуни,генерален директор на полицијата.
Само во северниот дел на Косово ќе бидат ангажирани повеќе од 400 прпадници на полицијата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација