Македонија
10. July 2017 - 15:01

Локализиран пожарот над село Истибање

Локализиран е пожарот што избувна вчера над селото Истибање, Виничко, и во кој изгореа 15 хектари сува трева и смрека. 

Според Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) и вработените во Шумското стопанство „Плачковица“ кои учествуваа во гаснењето, непристапниот терен кај месноста Дабовец создаваше проблеми. Сепак, се спречи проширување на стихијата на околните ридови и на површините со борова шума.

Според ТППЕ, изминатите 30 дена во кои температурите достигнаа 40 степени, виничките пожарникари интервенирале шест пати на отворен простор. Од почетокот на годината, пак, дејствувано е во 60 случаи од кои 50 на отворен простор.

Лани во Виница се регистрирани 65 интервенции од страна на ТППЕ.