-->
-->
Локализиран пожарот над Македонска Каменица
-->
Синоќа локализиран шумскиот пожар кој зафати борова и дабова шума ад селото Моштица во Македонска Каменица. Драган Балас од ЦУК од Делчево истакна дека пожарот е локализиран околу 20 часот.
- Локализиран е пожарот, кој според првичните проценки има зафатено површина од околу 10 хектари со борова и дабова шума. Вечерта имаше дежурни екипи кои го контролираа горењето, но новите информации зборуваат дека нема промена на состојбата и пожарот е смирен. Се уште не се знаат причините за неговото потпалување, но се сомневаме дека повторно во прашање е човечки фактор, истакна Балас.
Во гаснењето на шумскиот пожар над Македонска Каменица учествуваа лица од ЈП Македонски шуми, од ЈП Камена Река и од ТППЕ од Каменица, Делчево и Кочани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората