Македонија
7. March 2019 - 20:59

Локализиран пожарот кај пехчевско Спиково

Пожарот што повторно избувна кај месноста Спиково во Пехчево, денеска во попладневните часови е целосно локализиран. Според информациите на командирот Зоран Ајтовски, во гаснењето на пожарот учествувала екипа од ТППЕ Берово потпомогната од мештани како и вработени во шумско стопанство „Равна Река“-Пехчево.

– Во гаснењето на пожарот проблем ни претставуваше ветрот што на моменти ја влошуваше ситуацијата, но исто така и непристапниот терен. Целосна контрола над ситуацијата воспоставивме денес во попладневните часови, информира Ајтовски.

Во пожарот причинета е мала материјална штета, при што опожарени биле два помошни објекта во Спиково. Случајот е пријавен во полиција, каде веќе се работи на утврдување на причините за појавата на пожарот.