Спорт плус
23. July 2021 - 10:48

ЛОИ: Реџепи сепак ќе го носи македонското знаме на свеченото отворање

Во 13ч. попладнево е свеченото отворање на ЛОИ во Токио. За нашата делегација убава вест е што Арбреша Реџепи која беше во самоизолација излезе од карантин и ќе го носи македонското знаме на свеченото дефиле заедно со Дејан Георгиевски, нашиот репрезентативец во Таеквондо.Таа на летот Франкфурт – Токио седела до лице кое било позитивно на Ковид-19, па затоа по наредба на ИОК мораше да биде во карантин. Сепак и по петтиот негативен тест, Арбреша Реџепи е “ослободена“ и сега може во релаксирана атмосфера да се подготвува за својот настап во џудо, како и да биде дел од нашата делегација на свеченото дефиле на стадионот во Токио, и да го носи македонското знаме.