-->
-->
ЛОИ: Без руски атлетичари во Рио
-->
Руските атлетичари со голема веројатност нема да настапат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, бидејќи WADA и IAAF не сакале да ја загрозат својата репутација.
IAAF,во ноември, по иницијативата на Светската антидопинг агенција (WADA), поради наводен „систематски допинг“ и „вкоренета кулура на измама“, ги суспендира руските атлетичари.
„Мислам дека Русите нема да можат да настапат во Рио. WADA и IAAF не сактаа да ја загрозат својата репутација со промената на оваа одлука“, рекол претседателот на независниот комитет на WADA, Ричард Паунд.
WADA, на почетокот на ноември минатата година објави извештај во кој се тврди дека руските атлетичари и функционери се вмешани во употребата на допинг сретства, забошотување дека допинг се користи и за попречување на допинг контролата.
Нов допинг скандал ја потресе Русија, во понеделникот, кога тенисерката Марија Шарапова призна дека „паднала“ на допинг тестот, односно дека за време на Австралија Опен била позитивна на забранетиот лек мелдониум.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада