-->
-->
ЛОИ 2020: Австралија го изненади фаворитот за злато
-->
Второто коло на ватерполо турнирот во Токио, ја донесе сензационалната победа на Австралија над Хрватска. Австралијците против кандидатот за златниот медал славеа победа 11:8.
Австралија ја надигра Хрватска и на крајот заслужено победи. Втората и четвртата четвртина го решија победникот. Австралија вториот период го доби со 2:0, а последниот со 4:2. Првата четвртина заврши нерешено 3:3, додека третата им припадна на Хрватите со 3.2.
Рилард Кембпел постигна три гола во победничкиот тим. Ист број на голови на спортивната страна постигна Маро Јоковиќ.
Победата на Австралија дополнително ги закомпликува работите во Б-групата. По две кола само Шпанија има два победи и четири бода, по победа и пораз имаат Хрватска, Србија, Црна Гора и Австралија, додека Казахстан е последен без освоен бод.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација