Фудбал
8. July 2016 - 13:01

Ливерпул со Клоп до 2022 година

Јирген Клоп потпиша нов договор со премиерлигашот Ливерпул и на клупата на петкратниот европски шампион ќе остане до 2022 година. Клоп на 8.октомври минатата година го замени Брендан Роџерс и имаше договор до 2018 година. 
До новиот договор дојде бидејќи првите луѓе на клубот се задоволни од работата во изминативе девет месеци и веруваат дека тој е иднината на „црвените“.
- Седум години во Ливерпул се надевам дека тоа е единствениот начин како треба да се работи. Немам притисок, но гледам одлична шанса, изјави Клоп.
Претходната сезона Ливерпул ја заврши на осмото место на табелата во Премиер лигата и играше две финалиња (кои ги загуби – Лига куп Англија (Манчестер Сити) и Лига Европа (Севиља)).
Покрај Клоп нови договори ќе има и за неговите помошници Жељко Бувач и Петер Кравец.