Loading Video...
Фудбал
10. March 2018 - 16:08

Ливерпул поразен на Олд Трафорд

Во најголемото дерби на англискиот фудбал Манчестер Ј. како домаќин го совлада Ливерпул со 2-1 и по директната пресметка за 2. позиција на табелата направи 5 бодови предност пред големиот ривал.

Централна фигура на мечот беше Маркус Рашфорд кој обезбеди водство за тимот на Мурињо во првото полувреме.

Во 66м Ерик Баи лошо реагираше и ја смести топката зад грбот на Де Хеа по што Ливерпул нападна за втор погодок но не  успеа да го избегне поразот.