Фудбал
28. December 2017 - 16:45

Ливерпул останува без Хендерсон

 
 
Англискиот премиерлигаш Ливерпул, најверојатно до крајот на јануари нема да може да смета на капитенот Џордан Хендерсон. 
 
Хендерсон кој заработи повреда во дерби натпреварот против Арсенал (3-3) пред шест дена, го пропушти дуелот Свонси одигран завчера кој „црвените“ го добија со убедливи 5-0. 
 
Иако на почетокот се претпоставуваше дека не станува збор за посериозна повреда, сепак денешните извештај велат дека Хендерсон најверојатно ќе мора да паузира до крајот на јануари. 
 
Според ова, Јирген Клоп не ќе може да смета на Хендерсон во наредните шест меча, меѓу кои и дербито против Манчестер Сити закажано за 14 јануари, а неговото враќање се очекува за важниот дуел против Тотенхем кој ќе се игра на 4 февруари 2018 година. 
 
Покрај Хендерсон, на листата на повредени се и Шпанецот Алберто Морено и Даниел Стариџ, кои сигурно нема да играат во дуелот против Лестер закажан за 30 декември на „Енфилд“.