-->
-->
Ливерпул два месеца без Лалана
-->
Премиерлигашит Ливерпул новата сезона ќе ја почне без еден од стандардните првотимци последните сезони и англиски репрезентативец Адам Лалана. Играчот од средината на теренот се поведи за време на финалето од „Ауди купот“ што Ливерпул го играше во средата во Минхен против Атлетико Мадрид.
- Лалана ќе биде надвор од теренот во август и во септември. Тоа секако не се вести што сакавме да ги слушнеме, изјави менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп.
29-годишниот фудбалер има повреда на „задња ложа“, а истата повреда ја доби и неговиот соиграч Даниел Стариџ на натпреварот во вторникот со Баерн, но не е толку сериозна и нема да има голема пауза.
Ливерпул во првото коло од Премиер лигата гостува кај Вотфорд (12.август), а првиот бараж дуел од Лигата на шампионите против Хофенхајм го игра на гости на 15.август.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Избори за францускиот Сенат
-
Курти го обвини Белград за убиството на косовскиот полицаец
-
СДСМ: Намалени цените во маркетите
-
Изгаснати 30 пожари во текот на вчерашниот ден, активни уште шест
-
Казнети 20 пијани возачи на територија на СВР Тетово
-
Пазарот на недвижности со голема понуда и солидна побарувачка
-
Хеликоптер на МВР исфрли над 45 тони вода при гаснењето на пожарот кај Милетино
-
ВМРО-ДПМНЕ: Потребни се брзи избори